Народната банка ја зголеми основната каматна стапка . Централната банка соопшти дека каматата на благајнички записи ќе биде зголемена за 0,75 процентни поени, од 3,25% на 4%.
„Одлуката за запрегнување на монетарната политика е реакција на зголемената побарувачка на девизи и притисоците врз депозитната база на банките, кои во целост се последица на влошените очекувања на економските аспекти, предизвикани од нестабилната политичка состојба во земјата“, сооопшти Народна банка и објасни дека „промената на каматната стапка е одговор на делувањето на фактори од неекономска природа“.
Вчера Министерството за финансии не успеа преку државни хартии од вредност да позајми бараните 70,7 милиони евра. На аукцијата домашните банки, пензиските и осигурителните друштва запишаа само 21,7 милиони евра.
“Дефицитот во тековната сметка и натаму е умерен, со позитивни преносни ефекти од структурните промени во извозниот сектор и со доволно финансиски приливи за негово финансирање. Воедно, сите показатели за девизните резерви постојано покажуваат нивно соодвентно ниво, што е доволно за спарвување со шокови“, соопшти денеска Народната банка.