Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски синоќа се сретнале во Кабинетот на Ѓорге Иванов, соопшти Кабинетот на претседателот на државата.
Средбата била на покана на претседателот Иванов и тема на разговорот биле актуелните случувања.
„Целта на средбата беше да се поттикне помирување и нормализирање на политичките процеси во Република Македонија“, стои во соопштението на Кабинетот на Иванов.