Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски кажа дека нема да има отпуштања во јавната администрација и место тоа, ќе се обиде со реорганизација да ја направи администрацијата поефикасна.
Манчевски денеска потпиша Меморандум за соработка со амбасадата на Велика Британија, како дел од проектот за поддршка на Македонија во реформа на јавната администрација во неколку области како што се: стратешко планирање и носење јавни политики, управување со човечки ресурси, подобрување на регулативата и отворени податоци.
„Отпуштања нема да има, но преку разни вакви начини на реорганизација ќе се обидеме да ја направиме администрацијата поефикасна“, изјави Манчевски на потпишувањето на Меморандумот со британскиот амбасадор Чарлс Гарет, со кој што почнува имплементација на проектот „Модернизација и трансформација на јавната администрација“