Шарените револуционери, по неколку дена одмор, вечерва продолжија со протестите и по кумановските улици. Претставници на невладини организации, опозиционите партии и граѓани во 18.30 часот се собраа пред Основниот суд Куманово, а потоа мирно прошетаа по улиците во централното градско подрачје. „Нема првда, нема мир!, Оставка, оставка!„, беа само дел од паролите кои ги извикуваа граѓаните додека фрлаа бои на коловозот.
„Бараме претседателот Иванов да ја повлече одлуката за аболиција на најголемите криминалци во државата, да се одложат изборите додека не се прочисти избирачкиот список и да се регулираат медиумите. Додека не се исполнат овие барања остануваме на улица. Слободарско Куманово секогаш било за демократска Македонија“, велат демонстрантите.
Протестот ќе продолжи и утре.