РЕГИОНАЛНИТЕ ДЕПОНИИ СЕ МОДЕЛ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ДИВИТЕ ДЕПОНИИ

    РЕГИОНАЛНИТЕ ДЕПОНИИ СЕ МОДЕЛ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ДИВИТЕ ДЕПОНИИРегионалниот форум кој под наслов Депонии - Каде и кога околу проблемот со дивите депонии и нивното решавање се одржа денеска на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово а во организација на Цивика мобилитас.

    Македонија има национална стратегија и план за управување со отпадот, a за сите плански региони во Македонија најоптимално решение е по една локација за регионална депонија бидејќи тоа треба да биде одржлив систем за собирање, транспорт и третман на сметот што во конечна линија ќе го плаќаат граѓаните и правните субјекти во регионот, ова беше денес истакнато на регионалниот форум кој под наслов Депонии – Каде и кога околу проблемот со дивите депонии и нивното решавање се одржа на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово, а во организација на Цивика мобилитас.

    „Овие решенија односно изградбата на регионални депонии, треба да бидат согласно можностите бидејќи оние, најсовремените, се и најскапи за одржување. За дел од планските региони преку ИПА програмата имаме изработено физибилити студии за регионални депонии со опфат на трошоците за тоа додека за полошко владата во соработка со швајцарската агенција за обнова и развој обезбеди 1,9 милиони швајцарски франци за изработка на планската документација за воспоставување на регионална депонија во гостиварско Русино. Во рамките на овој план е обезбедување на руралните општини со соодветна механизација за собирање и транспорт на сметот до депонијата како и можностите за селектирање на сметот“, изјави на трибината Ана Мазневска од секторот за управување со отпад во министерството за животна средина и просторно планирање.

    Одговарајќи на прашање зошто досега никоја институција не одговарала поради појавата на диви депонии низ полошко, Мазневска посочи дека таа проблематика е во надлежност на државниот инспекторат за животна средина и дека тие треба да интервенираат за да се спречи оваа појава.

    На трибината присуствуваше и градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи која наброја повеќе активности кои ги презела општина Тетово во справувањето со овој проблем.

    „Кон крајот на минатиот мандат го решивме деценискиот проблем со отстранување на нелгалната депонија на влезот во градот и сега како системско решение ние е транспортот со контејнери на сметот во депонијата Дрисла во Скопје. Исто така успеавме да ги ставиме во системот на јавното комунално претпријатие Тетово и планинските села така што оттаму сега организирано се собира сметот а за регионалната депонија во Русино потпишавме договор со швајцарската агенција за развој за обнова и стандардизирање на депонијата. Ова се долгорочни решенија бидејќи чистењето на депонијата на влезот во градот не ќе беше можно ако претходно не го изградивме транзитниот центар кај клучката за Требош за контејнерски третман на сметот. Иако ги има дивите депонии покрај планинските села тие не се во толкав обем како порано и тука ќе се интензивира и работата на инспекциските служби за спроведување на законот за јавна чистота“, изјави Арифи.

    Извршната директорка на МЦМС Гонце Јаковлевска, кој е еден од спроведувачите на програмата Цивика Мобилитас, рече дека целта на овие активности е поголемо вклучување на невладиниот сектор и граѓаните и преку нивните барања до надлежните локални и државни органи да се настојува побрзо решавање на проблемот со сметот и дивите депонии во регионите во Македонија.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира