30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ОД ТЕТОВСКАТА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА АМФЕТАМИНИ

    30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ОД ТЕТОВСКАТА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА АМФЕТАМИНИОд првично извршените вештачења на помал дел од пронајдените супстанции е утврдено дека групата произвела во форма на таблетки вкупно 204.696 парчиња амфетамин. (Фото: МВР)

    Судија на претходна постапка им одреди 30 дена притвор на седуммина осомничени, уапсени при претресот на МВР во Тетово и Скопје на 30 ноември и 1 декември кога беше откриена голема лабораторија за производство на синтетички дроги. Станува збор за петмина државјани на Македонија и двајца на Србија кои што се осомничени за кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Меѓу нив е и Милан Зарубица, познат во Србија како некогашен стручњак што станал „балкански крал на синтетичките дроги“.

    Како што велат од Јавното обвинителство, од првично извршените вештачења на помал дел од пронајдените супстанции е утврдено дека групата произвела во форма на таблетки вкупно 204.696 парчиња со вкупна. Оттаму додавааат дека во тек се вештачења над останатите пронајдени материи и супстанции за што јавноста континуирано ќе биде известувана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира