ПУТИН ПАК ЌЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РУСИЈА

    ПУТИН ПАК ЌЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РУСИЈААко победи на изборите следната година, ќе остане на власт до 2024 година. - Владимир Путин (Фото: ЕПА)

    Владимир Путин објави дека повторно ќе се кандидира за претседател на Русија, на изборите што ќе се одржат наредната година.

    Тој го кажа ова во говорот пред работниците во фабриката за автомобили „Волга“ во Нижни Новгород.

    „Повторно ќе поднесам кандидатура за претседател на Руската Федерација“, кажа Путин.

    Тој се наоѓа на лидерската позиција во Русија од 2000 година, било како претседател, било како премиер.

    Доколку победи на изборите следната година, тоа ќе му овозможи да остане на власт до 2024 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира