ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ПРЕКИН ПОРАДИ НЕИСПЛАТЕНИ ДНЕВНИЦИ И ПОЛОВИНА ПЛАТА НА МАШИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ

    ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ПРЕКИН ПОРАДИ НЕИСПЛАТЕНИ ДНЕВНИЦИ И ПОЛОВИНА ПЛАТА НА МАШИНСКИОТ ПЕРСОНАЛУтринава е блокиран целиот железнички сообраќај, со исклучок на меѓународниот воз Скопје-Солун. - Железничката станица во Скопје (Фото: Ѓ. Личовски)

    Околу 150 вработени – машински персонал вo „Македонски железници” поради неисплатени дневници и втората половина од платата за октомври од вчера протестираат и одбиваат да работат. Тие велат дека ова не е штрајк, туку протест затоа што не им е исплатена платата.

    „Од вчера во прекин е товарниот железнички сообраќај, а од утрово и патничкиот. Со исклучок на меѓународниот воз Скопје-Солун, кој утрово го пропуштил еден од машиновозачите. Целокупниот железнички сообраќај е запрен”, вели Душко Чакаровски, машиновозач во „Македонски железници“.

    Тој кажа дека бараат ноемвриската плата да им биде исплатена до 25 декември, во спротивно на 26 декември повторно ќе протестираат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира