ПРИФАТЕНО ОБВИНЕНИЕТО НА СЈО ПРОТИВ КООРДИНАТОРОТ НА ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА ДУИ ЕЈУП АЉИМИ ЗА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ

    ПРИФАТЕНО ОБВИНЕНИЕТО НА СЈО ПРОТИВ КООРДИНАТОРОТ НА ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА ДУИ ЕЈУП АЉИМИ ЗА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИСпецијалното јавно обвинителство ги товари Аљими и Гури за уништување изборен материјал. -Специјалната обвинителка Катица Јанева (Фото: СДК.МК)

    Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 го одобри обвинението на Специјалното јавно обвинителство за предметот познат како „Титаник 3“, објави државната агенција МИА.

    Обвинети во предметот на СЈО се координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Аљими и членот на општинската изборна комисија за Општина Чаир, Исмет Гури. Нив СЈО ги товари за кривичното дело Уништување изборен материјал во случајот „Титаник 3“.

    Судијата и датумот за почеток на судењето дополнително ќе бидат одредени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира