Првата модерна македонска бајка, преведена и на англиски јазик, „Мистериозното јајце“ од младиот автор Оливер Коларески, беше промовирана вчера во книжарницата „ Литература.мк“, во издание на „Арс ламина“.
Коларески на промоцијата рече дека љубопитноста и фантазијата се основен двигател на оваа бајка.
„ Тоа е приказна која покажува колку различни погледи и очекувања можат да имаат луѓето за иста работа, благодарение на својата фантазија“, рече авторот.
Издавањето на книгата го поддржа Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“.
„Да ѝ се даде шанса на креативноста да создаде нови вредности и нови светови е навистина благороден чин, на кој ние сме особено горди. Наша основна мисија е да создаваме проекти кои на младите креативци ќе им овозможат да работат на конретни идеи кои донесувајќи нова вредност во општеството во целина“, рече Ангелка Пеева -Лауречниќ, член на Управниот одбор на „Браво Сине“.