РАСПРАВАТА ЗА БУЏЕТОТ ОДЛОЖЕНА ЗА 22 ДЕКЕМВРИ, ДЕНЕСКА ВО СОБРАНИЕ ЌЕ СЕ БИРА ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

    РАСПРАВАТА ЗА БУЏЕТОТ ОДЛОЖЕНА ЗА 22 ДЕКЕМВРИ, ДЕНЕСКА ВО СОБРАНИЕ ЌЕ СЕ БИРА ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

    Собраниската седница за Предлог-буџетот за 2018 година, закажана за денеска, е одложена за 22 декември, а денеска, со почеток во 12 часот, во Собранието ќе се расправа за избор на нов Јавен обвинител, а на дневен ред се ставени и законите за реформите во правосудството. Станува збор за измени на законот за Судски совет, законот за укинување на Советот за утврдување факти и за измени на законот за заштитетни сведоци. Љубомир Јовевски е предлогот на Владата за нов Јавен обвинител.

    Денеска пред влезот на  Собранието имаше прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, на која пратеничката Ане Лашкоска кажа дека опозициските пратеници нема да учествуваат во работата на Собранието сè додека 12% од нивната пратеничка група е во притвор.

    „Не може да има расправа за буџет додека 12% од пратеничката група е во притвор. Нема да учествуваме во работата на Собранието додека не се создадат демократски услови за работа“, изјави Лашкоска.

    Неофицијално, има координација меѓу власта и опозицијата за денешниот дневен ред на седницата.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира