ПО ЕВРОПСКАТА, РЕАЛ МАДРИД ЈА ОДБРАНИ И СВЕТСКАТА КЛУПСКА ТИТУЛА

    ПО ЕВРОПСКАТА, РЕАЛ МАДРИД ЈА ОДБРАНИ И СВЕТСКАТА КЛУПСКА ТИТУЛАКристијано Роналдо го постигна единствениот гол во победата над Гренио во финалето (Фото: Ројтерс)

    Реал Мадрид го освои Светското клупско првенство по третпат во последните четири години, откако во финалето го совлада јужноамериканскиот шампион Гремио со 1:0.

    Новата титула на мадриѓаните им ја донесе Кристијано Роналдо, кој во 53. минута од слободен удар го постигна единствениот гол на средбата, што се играше во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати.

    Реал е првиот клуб кој успеал да ја одбрани светската титула, а само неколку месеци порано, истото му појде од рака и во Лигата на шампионите.

    „Кралскиот клуб“ е и најтрофејната екипа во ова натпреварување, кое до 2000 година се играше под името Интерконтинентален куп, откако триумфираше и во 1960, 1998, 2002, 2014 и во 2016 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира