ПУТИН МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ТРАМП ЗА ПОМОШТА НА ЦИА ВО СПРЕЧУВАЊЕ БОМБАШКИ НАПАД

    ПУТИН МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ТРАМП ЗА ПОМОШТА НА ЦИА ВО СПРЕЧУВАЊЕ БОМБАШКИ НАПАДОдносите меѓу Русија и САД се на најниско ниво уште од времето на Студената војна. - Рускиот претседател Владимир Путин (Фото: АП)

    Рускиот претседател Владимир Путин му се јавил на американскиот претседател Доналд Трамп да му се заблагодари за помошта од ЦИА во спречувањето на серија бомбашки напади во Санкт Петерзбург, соопшти Кремљ. За време на телефонскиот разговор, втор на двајцата лидери во три дена, Путин изразил благодарност за информацијата од ЦИА.

    Кремљ соопшти дека информацијата од ЦИА им овозможила на руските безбедносни агенции да фатат група осомничени кои планирале да детонираат бомби во катедралата Казан и на други места со многу луѓе.
    „Информацијата примена од ЦИА се покажа како доволна да се пронајдат и уапсат осомничените“, велат од Кремљ.

    Во соопштението се вели и дека Путин побарал од Трамп да ја пренесе неговата благодарност на ЦИА и го уверил американскиот претседател дека ако руските разузнавачки агенции добијат информации за потенцијални терористички закани против САД и нивните граѓани, тие веднаш за тоа ќе ги информираат своите американски колеги.

    Во петокот, руската агенција ФСБ објави дека уапсила седуммина припадници на Исламска држава и притоа заплени значителна количина експлозиви, оружје и екстремистичка литература. Нападот требало да се случи вчера.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира