ОХРИДСКИ СОЦИЈАЛЦИ ГИ БАРААТ ОТКОРНАТИТЕ ПАЛМИ ЗА ОГРЕВ

    ОХРИДСКИ СОЦИЈАЛЦИ ГИ БАРААТ ОТКОРНАТИТЕ ПАЛМИ ЗА ОГРЕВ„Охридски Комуналец” почна со корнењето на исушените палми од охридскиот кеј на 14 декемви. Уништени палми имаше од почетокот на кејот кај плоштадот, па сè до новата пешачка патека до кафулето „Куба либре”, во правец на Горица. (Фото: СДК.МК)

    Група охридски социјалци кои зимава останаа без дрва, побарале исушените палми што беа откорнати од охридското крајбрежје да им се дадат за огрев. Над 100 исушени палмини дрва сега се наоѓаат во едно складиште на „Охридски Комуналец“ и се чека одлука што ќе се прави со нив.

    „Ние сме група социјалци кои зимава останавме без огревно дрво. Кога видовме дека во едно складиште на ‘Охридски Комуналец’ има многу оставени палмини дрва решивме да побараме да ни се дадат како дрва за огрев да ја поминеме зимава. Не знаеме што планира ‘Комуналец’, но ако ни ги дадат многу ќе ни помогнат“, вели охриѓанец, социјален случај, кој без работа останал пред 15-тина години.

    Од „Охридски Комуналец“ велат дека палминото дрво има цврста, стегната структура и не може да служи како огревно дрво.

    „Палмите сега се во нашето складиште. Ќе видиме што ќе правиме со нив. Наши вработени, кои се стручњаци за дрва и растенија, велат дека палмите не можат да служат за огрев. Тие тешко се палат и уште потешко горат“, вели директорот на Охридски Комуналец Љупчо Грдановски.

    Во Охрид, претходната влада, преку Македонски шуми, засади над 200 палми долж охридскиот кеј. Многу од нив во зимскиот период се исушија уште во првата година од засадувањата, иако беа покривани со  посебно платно.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира