ПО ПЕТ ГОДИНИ ЧЕКАЊЕ АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА ВО НАСЕЛБАТА ХАБИТАТ ВО ВЕЛЕС

    ПО ПЕТ ГОДИНИ ЧЕКАЊЕ АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА ВО НАСЕЛБАТА ХАБИТАТ ВО ВЕЛЕСПрвите станари во зградите за семејства со ниски примања се вселија есента 2012 и толку време чекаа да им се уреди пристапот до домовите (Фото: СДК.МК)

    По пет години чекање, станарите од две згради во комплексот згради Хабитат во Велес добија асфалтирана улица. Станарите од другите  три згради ќе причекаат за улица. Првите станари во зградите  се вселија есента 2012 и толку време чекаа да им се уреди пристапот до домовите.

    „Редно време беше да се асфалтира. Тоа се случи пред изборите на 15 октомври и еве два месеци не газиме по  кал и земја. Останува оваа улица да се спои со улицата Живко Фирфов, но и да се изгради пристапот за останатите згради во населбата“, велат станарите.

    Откако улицата била асфлатирана не била осветлена, па Хабитат самоиницијативно  поставиле бандери и улично осветлување.

    Населбата Хабитат, со станови за семејства со ниски примања, се гради со донации од корпорации и поединци претежно од САД, но и волонтерски  труд. Во градењето придонес додоа и американските амбасадори во Македонија. Но тоа на локалните  власти не им пречеше со години да не ја  завршат преземената обврска, уредување на улиците во населбата.

    Иако во 2007 уште со поставувањето на камен темелникот на изградбата на зградите кои ги градеше американската невладина организација Хабитат биле  уплатени комуналиите, локалната власт со години избегнуваше да го  изгради пристапниот пат. Лани се изгради  потпорниот ѕид, а есенва и улицата. Но останува да се асфалтира и вториот крак  на улицата Невена Георгиева Дуња кој води до другите три  згради од населбата Хабитат, каде живеат  околу 50-тина семејства. Летово започна да се гради и шестата зграда на Хабитат, за која веднаш биле платени комуналиите.

    П. ПЕЧКОВ  

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира