ЗАВОДОТ ЗА СЛУХ И ГОВОР ЗА ДЕЦА ВО БИТОЛА ДОБИ СЕНЗОРНА СОБА, ДОНАЦИЈА ОД ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА

    ЗАВОДОТ ЗА СЛУХ И ГОВОР ЗА ДЕЦА ВО БИТОЛА ДОБИ СЕНЗОРНА СОБА, ДОНАЦИЈА ОД ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДАВо Заводот во Битола во моментов на рехабилитација се 76 деца на возраст од 4 до 17 години. (Фото:СДК.МК)

    Германската амбасада донираше 6.000 евра за сензорна соба во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор „Кочо Рацин“ во Битола. Собата е поделена на два дела, темна соба за чие опремување беше искористена германската донација, а светлата соба е опремена со 8,3 илјади евра кои ги обезбеди Општина Битола. Овие пари претходно беа планирани за новогодишниот дочек на плоштадот Магнолија за минатата година, но Општина се откажа од таквиот настан и парите беа пренаменети за хумани цели.

    Оваа соба ќе значи поддршка во рехабилитацијата, тоа е еден современ тренд особено во рехабилитацијата на децата со аутизам и мултихендикеп“, вели директорката на Заводот, Маре Стојменовска Мицевска.

    Во ова јавна установа во моментов се рехабилитираат 76 деца, од кои половината се интернатски сместени, а се на возраст од четири до седумнаесет години.

    „Кога од Заводот ни се обратија за помош, ние веднаш прифативме и не ни требаше долго време да заклучиме дека помошта ќе оди во вистински раце“, рече Марина Серафимовска од Одделот за економска соработка при Германската амбасада.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира