Скопскиот градоначалник Петре Шилегов го смени досегашниот директор на ЈП „Комунална хигиена“ Ракип Дочи и на негово место е поставен Абдусамед Шабани.
Од кабинетот на градоначалникот Шилегов потврдуваат дека потпишано е решението со кои Шабани ќе го замени Дочи на директорското место во ова јавно претпријатие.
Шабани кој беше заменик директор на Агенцијата за вработување е кадар на ДУИ, исто како и неговиот претходник Дочи, кој ја вршеше оваа функција осум години и беше назначен во времето на ексградоначалникот Коце Трајановски.
Градоначалникот Шилегов досега замени четири директори на јавните комунални претпријатија кои се под надлежноста на Градот. Три недели откако ја презема градоначалничката функција постави нови директори на ЈСП „Скопје“, ЈП „Водовод и канализација“ и ЈП „Улици и патишта“, а минатата недела беше сменет директор на ЈП „Паркови и зеленило“. Сè уште нема промена на директорските места во културните установи кои се под надлежност на Град Скопје.
А. АНТЕВСКА