Сепаратистичките партии и по вонредните избори ќе имаат најмногу места во новиот состав на каталонскиот парламент, што може да доведе до нови конфронтации со владата во Мадрид.
Сепак, Граѓанската партија, која се залага за полуавтономија на Каталонија, ќе биде најбројна партија, но нејасно е кој ќе го добие мандатот за составување влада.
На вчерашните вонредни парламентарни избори во Каталонија, што Мадрид ги свика откако на регионот му ја одзеде автономијата по нелегалниот референдум за независност во октомври, Граѓанската партија освои 25% од гласовите, со што ќе има 36 пратеници во 135-члениот парламент.
„Победивме, но ќе биде тешко да се направи коалиција. Ќе се обидеме“, изјави лидерот на партијата, Инес Аримадас.
Од друга страна, партиите кои се залагаат за независност, Заедно за Каталонија, Републиканска левица на Каталонија и Народно единство, заедно ќе добијат 70 места, со што ќе имаат мнозинство.
Партијата на шпанскиот премиер Едуардо Рахој, Народна партија, освои само три пратенички места, осум помалку од досега.
Излезноста на изборите беше 80%, што е регионален рекорд.