ШИЛЕГОВ ПОБАРА ОД СКОПЈАНИ ДА НЕ ПАЛАТ БАДНИКОВИ ОГНОВИ, ОПШТИНИТЕ ВЕЌЕ НЕМА ДА ДЕЛАТ ДРВА

    ШИЛЕГОВ ПОБАРА ОД СКОПЈАНИ ДА НЕ ПАЛАТ БАДНИКОВИ ОГНОВИ, ОПШТИНИТЕ ВЕЌЕ НЕМА ДА ДЕЛАТ ДРВАОваа година општините нема да даваат дрва на граѓаните кои прават прослави за Бадник. -Градоначалникот Петре Шилегов, заедно со градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ и Здружението за традиционална прослава на Бадник и членовите на Здружението за прослава на Бадник (Фото:Град Скопје)

    Скопкиот градоначалник Петре Шилегов ги повика граѓаните да не палат бадникови огнови за да не се загадува воздухот.

    Исто така, со цел да се спречи дополнително загадување на воздухот, ниту една скопска општина годинава нема да дели дрва на граѓаните и месните заедници кои организираат прослави за Бадник.

    „Апелирам до скопјани да не се палат огнови на отворено по повод прославата на божиќните празници, со цел да ја заштитиме животната средина, а и да го заштитиме амбиенталниот воздух. Да се посветиме на иднината и да водиме сметка за здравјето на децата. На работен состанок со градоначалниците на сите скопски општини донесовме заедничка одлука за забрана за доделување на дрва од општините за истата намена“, рече Шилегов.

    Градоначалникот Шилегов денес заедно со Здружението за традиционална прослава на Бадник, присуствуваше на традиционалното собирање на бадникови гранчиња, во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира