Судијката Дијана Груевска Илиевска, која досега го водеше предметот „Поткуп“, денеска се прости од обвинетиот премиер Зоран Заев. Таа со новиот распоред на претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев ќе суди во кривичниот оддел за полнолетни.
„Ја користам приликата да се простиме. Доста јас ве малтретирав“, му рече Груевска Илиевска на Заев кој ѝ посака среќни новогодишни празници и добро здравје.
Денешното рочиште се одложи за 29 јануaри, кога предметот ќе го преземе друг судија од новиот состав на одделот за организиран криминал и корупција, бидејќи предметот сè уште е во Апелација.
За помалку од еден час, во Апелацискиот суд Скопје се очекува да почне јавна расправа по жалба на одбраната на Заев, која смета дека објавените ПИ мерки каде наводно тој бара поткуп од струмички бизнисмен не може да важат како доказ во постапката што се води во Кривичниот суд.
С. К. ДЕЛЕВСКА