Премиерот Зоран Заев одлучил новогодишната ноќ да ја помине со градоначалникот на Солун Јанис Бутарис, потврди владиниот портпарол Миле Бошњаковски на утринската прес-конференција.
На новинарско прашање дали Заев ќе слави со грчкиот премиер Алексис Ципрас, тој кажа дека поканата беше од солунскиот градоначалник и дека Заев во приватна посета ќе оди на новогодишната ноќ во Солун.
На 16 ноември, Бутарис го покани премиерот Зоран Заев Новата година заедно да ја дочекаат во Солун.
„Го поканив премиерот Зоран Заев да дојде во Солун приватно, да ги поминеме заедно новогодишните празници“, рече тогаш градоначалникот Бутарис за време на неговата посета на Скопје.