СУДЕЊЕТО НА ГРУЕВСКИ ЗА ШАМАРИТЕ ВО ЦЕНТАР ЌЕ ПРОДОЛЖИ ВО ФЕВРУАРИ СО НОВ СУДИЈА

    СУДЕЊЕТО НА ГРУЕВСКИ ЗА ШАМАРИТЕ ВО ЦЕНТАР ЌЕ ПРОДОЛЖИ ВО ФЕВРУАРИ СО НОВ СУДИЈАНа претходните рочишта, вина за настаните признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петтообвинетиот Јордан Ристевски и добија по шест месеци условна казна. - Пратеникот Никола Груевски пред Основниот суд Скопје 1 (Фото: СДК.МК)

    Денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1 за предметот на СЈО „Насилство во Општина Центар“, во кој првообвинет е пратеникот Никола Груевски, беше одложено поради прераспределувањето на судијката Татјана Михајлова, објави агенцијата „Мета“.

    Михајлова е прераспределена во одделот за прекршоци, според новиот годишен распоред на судиите, потпишан од новиот претседател на Кривичниот суд Иван Џолев, па случајот за насилствата и нарачаните шамари во Центар ќе добие нов судија, кога ќе продолжи на 2 февруари.

    Обвинети од СЈО во овој случај се 14 лица за поттикнување и извршување на насилството што се случи при протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година. На претходните рочишта, вина за настаните признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петтообвинетиот Јордан Ристевски и добија по шест месеци условна казна.

    Покрај нив обвинети се уште 12 лица, во кои се и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, тогашна членка на Советот на општина Центар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира