ДЕДО МРАЗ ВО СКОПЈЕ СО ПОРАКА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА, ГРАДСКАТА ВЛАСТ ВЕЧЕРВА НЕ ОРГАНИЗИРА ПРОСЛАВА

    ДЕДО МРАЗ ВО СКОПЈЕ СО ПОРАКА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА, ГРАДСКАТА ВЛАСТ ВЕЧЕРВА НЕ ОРГАНИЗИРА ПРОСЛАВАСо дневната шема завршува четиридневната новогодишна манифестација „Улица на радоста“, организирана од градските власти.

    Дедо Мраз кој традиционално секоја година на 31 декември доаѓа на главниот скопски плоштад Македонија, оваа година пристигна со порака за заштита на природата и чување на животната средина.

    Тој пристигна со електромобил.

    Со дневната шема завршува четиридневната новогодишна манифестација „Улица на радоста“, организрана од градските власти.

    Град Скопје оваа година не организира пречек на Новата година. Парите што беа наменети за прослава ќе бидат донирани на детската болница за белодробни заболувања во Козле. Нема да има ни огномет.

    Прослава на отворено ќе има само на сквер Јадран во организација на општина Центар.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира