Минатата 2017 година беше историски најбезбедна година за патување со авион, објави групацијата Мрежа за воздухопловна безбедност. Групацијата која е со седиште во Холандија објави дека заклучно со 31 декември во светот имало 9 авионски несреќи за цела година. Во овие несреќи загинале 67 луѓе – 32 патници и 35 на земја.
За разлика од 2017, групацијата во 2016 година изброила 16 несреќи и 303 жртви.
Заклучно со 31 декември се поминати 398 дена без несреќа на некој патнички авион, или 792 дена откако последен пат имало нереќа со патнички авион во која имало повеќе од 100 жртви.
Од 1997 година постојано се намалува бројот на авионски несреќи, благодарение на воведувањето зголемени безбедносни мерки во авио индустријата.
Имајќи предвид дека во 2017 имало 36.800.000 летови, просекот е една несреќа со фатални последици на 9.200.000 летови.