АВИОН ЗА ХАВАИ ПОЛЕТАЛ ВО 2018, А СЛЕТАЛ ВО 2017 ГОДИНА

    АВИОН ЗА ХАВАИ ПОЛЕТАЛ ВО 2018, А СЛЕТАЛ ВО 2017 ГОДИНАОдложувањето на полетувањето од Окленд од десет минути довело до необична ситуација

    Новозеландски патници кои тргнале да ја прослават новата година на Хаваи имале луда ситуација да полетаат во 2018, а да слетаат во 2017 година.

    Летот 466 на „Хаваијан ерлајнс“ требало да тргне од Окленд, главниот град на Нов Зеланд, на 31 декември, во 23.55 часот по локално време, но дошло до непланирано одложување од десет минути.

    Поради тоа, авионот полетал за Хонолулу во новата година, пет минути по полноќ на 1 јануари.

    Бидејќи Хаваи се наоѓаат на другата страна од меѓународната линија на датуми, Хонолулу е временски 23 часа зад Окленд, па по осумчасовен лет, авионот пристигнал на својата дестинација кога таму сѐ уште беше 2017 година, во 10.16 часот.

    Оваа необична ситуација била забележана од новинарот од Вашингтон, Сем Свини, кој ги објавил податоците за летот на Твитер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира