СЕВЕРНА КОРЕЈА САКА ДА НАСТАПИ НА ЗИМСКАТА ОЛИМПИЈАДА, ЈУЖНА КОРЕЈА Ѝ ПОНУДИ СРЕДБА

    СЕВЕРНА КОРЕЈА САКА ДА НАСТАПИ НА ЗИМСКАТА ОЛИМПИЈАДА, ЈУЖНА КОРЕЈА Ѝ ПОНУДИ СРЕДБАИако темата е спорт, и проблемот на нуклеарната програма на Северна Кореја нема да може да се избегне на состанокот (Фото: Гети)

    Јужна Кореја ѝ понудила на Северна Кореја да одржат состанок на високо ниво на 9 јануари, за да се продискутира за нејзиното учество на претстојните Зимски олимписки игри во Пјонгчанг.

    Ова доаѓа откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун изјави дека размислува да испрати спортисти на Игрите што ќе се одржат наредниот месец.

    „Двете страни под итно треба да поразговараат за ваквата можност“, кажа Ким.

    Според претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-Ин, ова е историска можност за подобрување на односите на двете земји, но и темата нуклеарната програма на Северна Кореја нема да може да се избегне на состанокот.

    „Подобрувањето на односите помеѓу Јужна и Северна Кореја не може да оди независно од решавањето на прашањето на нуклеарната програма на Пјонгјанг. Затоа министерството за надворешни работи мора да се искоординира со сојузниците и со меѓународната заедница во врска со ова“, изјави Мун.

    Од Јужна Кореја дојде предлогот состанокот да се одржи во Панмунџон, попознат како мировно село. Тоа се наоѓа во силно чуваната демилитаризирана зона на границата, каде што двете Кореи имаа неколку средби во минатото.

    Сѐ уште не е познато кој ќе учествува на оваа средба, бидејќи Северна Кореја засега нема одговорено на понудата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира