МОЕТО НУКЛЕАРНО КОПЧЕ Е ПОГОЛЕМО ОД ТВОЕТО, МУ ОДГОВОРИ ТРАМП НА КИМ ЏОНГ-УН

    МОЕТО НУКЛЕАРНО КОПЧЕ Е ПОГОЛЕМО ОД ТВОЕТО, МУ ОДГОВОРИ ТРАМП НА КИМ ЏОНГ-УНТрамп ја испровоцира Северна Кореја во моментот кога таа се обидува да ги нормализира односите со Јужна Кореја (Фото: АП)

    Доналд Трамп му порача на Ким Џонг-Ун дека неговото копче за лансирање нуклеарни проектили е поголемо од неговото, во последната провокација кон Северна Кореја, токму кога таа испрати сигнали за обид за нормализирање на односите со Јужна Кореја.

    „Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун кажа дека неговото нуклеарно копче му е секогаш достапно на маса. Дали некој од неговиот заостанат и прегладнет режим ќе му каже дека и јас имам нуклеарно копче и дека тоа е многу поголемо и помоќно од неговото. И моето копче работи“, напиша Трамп на Твитер.

    Неговата реакција дојде само неколку часа откако претставничката на САД во Обединетите нации, Ники Хејли, ја отфрли идејата за повторно воспоставување контакт помеѓу Северна и Јужна Кореја. Таа смета дека ова не може да се смета за сериозно, сѐ додека Пјонгјанг не се откаже од својата нуклеарна програма.

    Спротивно на критиките од САД, Северна Кореја повторно ја отвори жешката телефонска линија со Сеул, две години откако таа беше онеспособена по наредба на Ким Џонг-Ун. Јужна Кореја потврди дека примила повик од својот северен сосед во 15.30 часот по локално време.

    Ким предложи обновување на разговори, кои се во прекин од декември 2015, заради можното учество на севернокорејските спортисти на Зимската олимпијада во Пјонгчанг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира