АКО АКТЕР ВЛЕЗЕ СО ТЕЛЕФОН НА СЕТ, ЌЕ БИДЕ ИЗБРКАН – ХОЛИВУДСКИТЕ РЕЖИСЕРИ ЗАБРАНУВААТ СМАРТФОНИ

    АКО АКТЕР ВЛЕЗЕ СО ТЕЛЕФОН НА СЕТ, ЌЕ БИДЕ ИЗБРКАН – ХОЛИВУДСКИТЕ  РЕЖИСЕРИ ЗАБРАНУВААТ СМАРТФОНИХоливудските режисери Квентин Тарантино и Кристофер Нолан се најгласни борци за забрана на користење на телефони и таблети за време на снимање

    Тешко е да се замисли кој било агол на планетата каде што смартфоните не се присутни. Но, режисерот на „Почеток“ и „Интерстелар“ Кристофер Нолан е прилично сигурен дека во не толку далечна иднина, секој филмски сет ќе биде како неговиот, со строга забрана за телефони.

    „За неколку години никој нема да дозволи телефони на сетови”, рече тој во најавата за неговиот филм „Данкирк“, номиниран за претстојните Златни глобуси. „Тоа е непрофесионално и се губи концентрацијата, така што нашето правило е многу едноставно: Ако треба да остварите телефонски повик или да напишете порака, ќе го напуштите сетот“.

    Но, дали треба да му се верува на човек кој дури и не поседува мобилен телефон? Можеби – затоа што не е сам. Во моментов, најгласниот другар на Нолан е Квентин Тарантино.

    Ставовите на Нолан и Тарантино не се сосема изненадувачки, со оглед на тоа што двајцата се и едни од најгласните бранители на старовремската технологија во големата дебата за дигитална технологија против филмска лента.

    На сетовите на Тарантино, едно лице е задолжено да ги собира телефоните, и тоа правило е кристално јасно.- Кристоф Валц и Џејми Фокс во „Џанго“

    „Нема ништо пофрустрирачко од тоа кога долго време ја подготвувате камерата, ги местите актерите и таман да почнете да снимате, се мешаат звуци од зад камерата”, вели продуцентот и асистент режисер Вилијам Пол Кларк, кој има работено со Тарантино .

    Едно е кога се појавува проблем пред камерата – актер на пример, да го погреши текстот, но звукот на мобилниот телефон на член од екипата е недозволива грешка.

    На сетовите на Тарантино едно лице е задолжено да ги собира телефоните, и тоа правило е кристално јасно.

    „Тоа е прифатено и познато е дека ако го донесете телефонот на сет, тоа е вашиот последен ден на снимањето“, вели тој. Никој досега не бил отпуштен, вели тој, иако се сеќава на безуспешната потрага по телефон кој долго ѕвонел за време на снимањето на „Џанго без пранги“.

    Оскаровецот кинематографер Роберт Ричардсон, кој е чест соработник на Тарантино и Мартин Скорсезе, меѓу другото, претпочита сет без мобилни телефони, но признава одредени придобивки, вклучувајќи ја можноста за брзо споделување на снимките со другите оддели.

    „Одделот за шминка може детално да ја види актерката или актерот, исто како и задолжените за гардероба и дизајн. Нема потреба од метеж пред мониторите, кога секој има свои таблети и телефони за да ги види сликите“, вели тој.

    Режисерот Азазел Џејкобс додека го снимал филмот „Љубовници“ немал одговорни лица за собирање на телефоните, ниту се заканил дека ќе отпушти некого, но на почетокот побарал членовите на екипата да ги држат своите телефони настрана.

    Резултатот беше освежувачки, рече тој, особено кога се водеа инспиративни разговори меѓу сцените.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира