КНИГАТА ПРОТИВ ТРАМП ПУШТЕНА ВО ПРОДАЖБА ЗА ИНАЕТ НА ЗАКАНИТЕ СО ТУЖБА

    КНИГАТА ПРОТИВ ТРАМП ПУШТЕНА ВО ПРОДАЖБА ЗА ИНАЕТ НА ЗАКАНИТЕ СО ТУЖБАПред книжарници во Вашингтон, редици за купување на книгата се направија уште на полноќ (Фото: Твитер)

    Адвокатите на Доналд Трамп со закани со тужба вчера се обидоа да го спречат издавањето на контроверзната книга на новинарот Мајкл Волф, во која се оцрнуваат неговите семејство и способност за владеење, но издавачите не само што не се уплашија, туку во инает ја пуштија во продажба денеска.

    „Одиме! Можете да ја купите и да ја прочитате книгата уште утре. Ви благодарам господине претседател“, напиша Волф на Твитер, по што веднаш се направија полноќни редици пред книжарници во Вашингтон.

    „Оган и гнев: во Белата куќа на Трамп“ требаше да биде објавена во вторник, но откако делови од книгата порано излегоа во јавност, Белата куќа се најде во паника.

    Трамп кажа дека тој никогаш не му дал дозвола на Волф за влез во Белата куќа и дека многу пати ги одбил неговите барања.

    Опишувајќи ја книгата како „лажна“, Трамп додаде дека „таа е полна со лаги, погрешни толкувања и со извори кои воопшто не постојат“. Тој тврди дека никогаш не зборувал со Волф.

    Според експертите, евентуалната тужба од адвокатите на Трамп е осудена на неуспех.

    „Дури и тие не се толку луди да го однесат ова пред суд. Би било без преседан доколку судот се согласи да го блокира издавањето на книгата. Тоа нема да се случи“, вели адвокатот Бен Визнер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира