ПОЧИНА РЕЖИСЕРОТ И АМБАСАДОР ЉУПЧО ТОЗИЈА

    ПОЧИНА РЕЖИСЕРОТ И АМБАСАДОР ЉУПЧО ТОЗИЈАРежисерот Љупчо Тозија беше поранешен директор на МТВ и амбасадор во Италија

    Вчера во Скопје почина Љупчо Тозија, режисер и поранешен амбасадор на Македонија во Италија. Имаше 71 година.

    По завршувањето на Академијата за театар и филм во Загреб во 1974, Тозија скоро целиот професионален ангажман го помина во Македонската телевизија (МТВ), сѐ до 2005 кога беше поставен за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Италија, во Рим. Беше автор, режисер, уредник на редакции, сѐ до извршувањето задачи како директор и главен и одговорен уредник на МТВ од 2002 до 2005. Потписник е на голем број снимени телевизиски емисии, театарски претстави и документарни филмови.

    Љупчо Тозија е сопруг на актерката Сабина и татко на режисерот Вардан Тозија, и брат на в.д. директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија.

    Посмртните останки на Љупчо Тозија ке бидат изложени утре од 12 часот во капела на гробиштата Бутел, а погребот ќе се одржи во 13 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира