Од утре се укинуваат мерките за намалување на аерозагадувањето во Скопје, соопшти Министерството за животна средина.
„Согласно податоците од Државниот автомастки мониторинг систем за квалитетот на воздухот среднодневните концентрации на РМ10 честички се под дефинираниот праг за алармирање, односно се под 200 микрограми на кубен метар и поради стабилната временска прогноза мерките од утре престануваат да важат. Според податоците од мониторинг системот само на едно мерно место во Скопје концентрацијата на ПМ10 е над 200 микрограми на кубен метар, а за да важат мерките надминување на концентрациите треба да има на најмалку две мерни места“, велат од Министерството за животна средина.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов рече дека бесплатниот автобуски превоз се укинува од утре, иако и денес аерозагадувањето е под прагот за алармирање.