Во најновиот годишен извештај на американската невладина организација „Фридом хаус“, Македонија останува во групата делумно слободни земји со коефициент 58, еден поен подобро од лани. Покрај Македонија, од регионот како делумно слободни земји се оценети уште Албанија, Косово и БиХ.
„Во Македонија, посредувањето на Вашингтон и Брисел помогна да се разреши долгогодишната политичка криза, поплочувајќи го патот за нова, демократски избрана влада“, пишува за Македонија во извештајот насловен „Слободата во светот“.
Од вкупно 195 држави во извештајот, 49 не се слободни, 58 се делумно слободни, а 88 се слободни.