ПРАТЕНИКОТ ТАРЧУЛОВСКИ ЌЕ ГО СЛЕДИ СТОЛТЕНБЕРГ НА ТЕЛЕВИЗИЈА, СУДИЈАТА НЕ ГО ПУШТИ ОД КУЌЕН ПРИТВОР

    ПРАТЕНИКОТ ТАРЧУЛОВСКИ ЌЕ ГО СЛЕДИ СТОЛТЕНБЕРГ НА ТЕЛЕВИЗИЈА, СУДИЈАТА НЕ ГО ПУШТИ ОД КУЌЕН ПРИТВОРПратеникот Јохан Тарчуловски завчера побара од Кривичниот суд да го пушти од куќен притвор на неколку часа за да го следи обраќањето на Јенс Столтенберг во Собранието. - Тарчуловски на седница во Собранието (Фото: СДК.МК)

    Судијата на претходна постапка Ненад Савевски од Основниот суд Скопје 1 не го пушта пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски да излезе од куќен притвор и да присуствува на утрешното обраќање на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Собранието.

    Во одлуката на судијата се цитира законска одредба според која лице со мерка притвор може да биде пуштено во случајов од дома само поради болест или поради немили настани во семејството.

    За разлика од Тарчуловски и колешката сопартијка Жаклина Пешевска, кои добија куќен притвор за учеството во настаните во Собранието на 27 април, останатите тројца осомничени пратеници на ВМРО-ДПМНЕ: Крсто Мукоски, Сашо Василески и Љубен Арнаудов се во притвор во истражниот затвор во Шутка.

    Завчера, Тарчуловски, преку неговиот адвокат, побара од Кривичниот суд да му дозволи на 18 јануари да го напушти својот дом на четири часа за да може во Собранието да го слуша обраќањето на Столтенберг.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира