ПАДНА КАНДЕЛАБРА ЗА ВРЕМЕ НА АНТИНАТО ПРОТЕСТОТ ПРЕД СОБРАНИЕ

    ПАДНА КАНДЕЛАБРА ЗА ВРЕМЕ НА АНТИНАТО ПРОТЕСТОТ ПРЕД СОБРАНИЕПадната канделабра меѓу кордонот полицајци кои што го обезбедуваат малубројниот протест карши Собрание. (Фото: М. Златевска)

    Силниот ветер урна канделабра со две рекламни паноа пред Собранието, додека во непосредна близина, во паркот Жена борец се одржува мал антинато протест со десетина демонстранти.

    Повод за протестот е денешната посета на Скопје на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој има закажано обраќање пред пратениците во Собранието по 12 часот. Најавено е дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ја бојкотира денешната седница.

    Неколку демонстранти со транспаренти против НАТО протестираат карши Собрание. (Фото: М. Златевска)

    Средбата на Столтенберг со премиерот Заев е закажана за 15 часот со официјална церемонија на платото пред Владата, рапорт на командантот на почесната воена гардиска единица, поздрав на знамето на Република Македонија и обиколка на почесната воена гардиска единица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира