ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО ХОЛАНДИЈА УБИ ТРИ ЛИЦА И ОТКАЖА СТОТИЦИ ЛЕТОВИ

    ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО ХОЛАНДИЈА УБИ ТРИ ЛИЦА И ОТКАЖА СТОТИЦИ ЛЕТОВИВетрови со брзина од 140 километри на час предизвикаа хаос во сообраќајот и корнеа стебла (Фото: АП)

    Аеродромот во Амстердам „Схипхол“ ги откажа сите летови, а холандската државна железница ги запре возовите, откако големо невреме ја погоди Холандија, при што три лица загинаа.

    Од аеродромот соопштија дека тој ќе остане затворен на неодредено време поради лошите временски услови, откажувајќи над 200 летови пред да почне невремето. Затворена е и централната железничка станица во Хаг, од страв да не летнат делови од нејзиниот стаклен покрив.

    Властите соопштија дека три лица загинаа во градовите Олст, Фурен и Енсхеде како последица на невремето.

    Ветрови со брзина од 140 километри на час предизвикаа хаос во сообраќајот, превртуваа камиони и корнеа стебла.

    И за големи делови на Белгија, вклучувајќи го и Брисел, беше прогласена портокалова тревога, втора највисока, поради силни ветрови, а беше затворено пристаништето во Гент.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира