ПОЛИЦИЈАТА БАРАЛА ОРУЖЈЕ, А ПРОНАШЛА КРОКОДИЛ ВО КУЌА ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ

    ПОЛИЦИЈАТА БАРАЛА ОРУЖЈЕ, А ПРОНАШЛА КРОКОДИЛ ВО КУЌА ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГСопственикот на куќата објаснил дека крокодилот го добил пред неколку години (Фото: АП)

    Руската полиција имала необична средба додека пребарувала куќа во Санкт Петербург, откако пронашла жив крокодил во подрумот.

    Рускиот сајт Фонтанка објави дека бизарниот инцидент се случил кога детективите дошле во куќата, со цел да пронајдат непријавено оружје. Куќата му припаѓала на човек кој правел реконструкции на историски воени битки со автентични оружја и униформи.

    Кога полицајците се симнале под куќата, тие виделе крокодил како одмора во базен ископан во бетонскиот подрум.,

    Сопственикот им објаснил дека егзотичното животно го добил пред неколку години.

    Градските власти сега испитуваат дали тој прекршил некои закони чувајќи ваков крајно необичен домашен миленик.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира