НИМИЦ ЌЕ ГИ ПОСЕТИ СКОПЈЕ И АТИНА ВО НАРЕДНИТЕ 10 ДЕНА, ОБЈАВИ ГРЧКАТА НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА

    НИМИЦ ЌЕ ГИ ПОСЕТИ СКОПЈЕ И АТИНА ВО НАРЕДНИТЕ 10 ДЕНА, ОБЈАВИ ГРЧКАТА НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈАГрчката телевизија ЕРТ вели дека дипломатот е оптимист и смета дека проблемот за името на Македонија може да се реши во следните шест месеци. - Од средбата на премиерот Зоран Заев со посредникот Метју Нимиц на 3 јули во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Посредникот на ОН Метју Нимиц во наредните десет дена ќе ги посети Атина и Скопје за со нив да го разгледа ова прашањето за името, соопшти грчката телевизија ЕРТ.

    Како што пренесува државната агенција МИА, грчката телевизија вели дека дипломатот е оптимист и смета дека проблемот за името на Македонија може да се реши во следните шест месеци.

    Нимиц посочува дека предлозите што минатата недела ги упатил и претставил во Њујорк на стартот од преговорите се општоприфатиливи за двете земји, и дека дал уверување оти тие го гарантираат „националниот идентитет“ на поранешната југословенска Република Македонија (БЈРМ).

    На 20 јануари, Нимиц, во интервју за „Сител“, кажа предлогот не само што не навлегува во идентитетот, туку напротив го зацврстува и зајакнува. Тој вели дека сега е моментот да се донесе одлука за името и дека неговиот нов пакет предлози не го загрозува македонскиот идентитет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира