Големо истекување на гас во централен Лондон доведе до принудно затворање на станицата Чаринг крос и до евакуација на стотици луѓе од дискотека и од хотелите во близина.
Полицијата го затвори и Странд, главната сообраќајна врска која води кон Трафалгар сквер, срцето на градот, и ги советуваше луѓето да го избегнуваат тој дел.
Противпожарната бригада била повикана во два часот наутро и начекала пукната инсталација, од која истекувала „висока концентрација на природен гас“. Дваесетина пожарникари биле на местото на настанот.
Притоа била наредена итна евакуација на околу 1.450 луѓе од локалните хотели и од познатиот ноќен клуб „Хевн“.
Властите соопштија дека станиците Чаринг крос и Источен Ватерло ќе останат затворени уште некое време.