НАД 40 МРТВИ ВО ПОЖАРОТ ВО БОЛНИЦА ВО ЈУЖНА КОРЕЈА

    НАД 40 МРТВИ ВО ПОЖАРОТ ВО БОЛНИЦА ВО ЈУЖНА КОРЕЈАМедиумите јавуваат дека ова е најсмртоносниот пожар во Јужна Кореја во последните десет години (Фото: АФП)

    Најмалку 40 луѓе загинаа и уште толку се повредени во пожарот што зафати една болница во Јужна Кореја.

    Се верува дека пожарот избувнал во утрински часови во соба за итни случаи на првиот спрат од болницата во југоисточниот град Мирјанг, во која што во тој момент имало околу 100 пациенти. Од соседниот старечки дом биле евакуирани 93 луѓе, меѓу кои нема повредени.

    Медиумите јавуваат дека ова е најсмртоносниот пожар во Јужна Кореја во последните десет години и дека се очекува бројот на загинати да расте. Според последните информации, во пожарот загинале 41 лице.

    Шефот на пожарникарите Чои Ман-Ву вели дека засега не е познато што го предизвикало пожарот, а ситуацијата да биде полоша, во болницата немало инсталирани противпожарни прскалки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира