За АКМИС – системот во Основниот суд Скопје 1, откако сум јас претседател, никој не дошол да се интересира, одговори Џолев на новинарско прашање на брифинг што го одржа денеска во судот.
Системот за автоматска распределба на предмети кај судиите (АКМИС) во Основниот суд Скопје 1, во две различни контроли досега го истражуваа Специјалното јавно обвинителство, но и експертска група од Министерство за правда, за потребите на ОЈО – Скопје.
И специјалната обвинителка Катица Јанева и Министерството за правда веќе изјавија дека во времето на експретседателот Владимир Панчевски, како и на другите раководители после него, биле правени малверзации со распределбата на предметите со тоа што АКМИС бил исклучуван од нивна страна, а предметите биле делени на рака.
Обвинителството потврди дека извештајот од контролите на експертската група е стигнат, но истрага сè уште не е почната.
С. К. ДЕЛЕВСКА