КОМЕМОРАЦИЈА ЗА ЖРТВИТЕ НА ХОЛОКАУСТОТ ВО МНР

    КОМЕМОРАЦИЈА ЗА ЖРТВИТЕ НА ХОЛОКАУСТОТ ВО МНРНа комеморацијата присуствуваа министрите за образование и наука Рената Дескоска и амбасадорите на Велика Британија и на Германија, Чарлс Гарет и Томас Герберих. (Фото: М. Златевска)

    Министерството за надворешни работи со комеморативна церемонија го одбележа 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот, и им оддаде почит на сите жртви, вклучувајќи ги и 7.144-те Евреи од Македонија.

    „Холокаустот останува мерило за најголемото зло во историјата, без сеќавање еден народ нема иднина“, рече претставникот на Еврејската заедница во Македонија, Берта Романо Николиќ.

    Во Министерството за надворешни работи беше отворена изложбата „Изгубениот свет на сефардските Евреи од Западниот Балкан“ на која, ученици од основното училиште Петар Поп Арсов од Скопје беа водичи, специјално обучени за оваа прилика. – Холандскиот амбасадор Воутер Пломп на изложбата во МНР (Фото: М. Златевска)

    На 11 и 12 март годинава, Македонија ќе ја одбележи 75-годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија во логорот на смртта Треблинка, од каде што ниеден од нив не се врати жив.

    Комеморативните настани ќе бидат одржани по тој повод во Скопје, Битола и Штип, и ќе се под покровителство на премиерот Зоран Заев.

    Се планира и одржување на комеморативна седница во Собранието и отворање на новата постојана изложбена поставка во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија.

    На комеморацијата, присуствуваа министрите за образование и наука Рената Дескоска, и за Култура Роберт Алаѓозовски, амбасадорите на Велика Британија и на Германија, Чарлс Гарет и Томас Герберих и шефот на Мисијата на ОБСЕ Нина Соумaлаинен.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира