Администрацијата на Доналд Трамп потпиша договор со „Боинг“ вреден 24 милиони долари за замена на два фрижидери во претседателскиот авион.
Во авионот постојат пет вакви системи за ладење и секој од нив е опремен со фрижидер со капацитет за 3.000 оброци. Тоа е доволно да ги обезбеди Трамп и 50 негови најблиски пријатели со три оброци дневно за период од три недели. И тоа под услов Трамп никогаш да не посака од својата омилена брза храна.
„Боинг“ одби да го коментира договорот, но со овие пари обезбедени од даночните обврзници, Трамп може да помине осум викенди во Мар-а-Лаго, своето одморалиште на Флорида, што го посетил 11 пати откако стана претседател пред една година.
Кога беше избран за претседател, Трамп индиректно ја намали вредноста на акциите на „Боинг“ кога на Твитер ја нападна скапо финансираната програма на претседателскиот авион.
„‘Боинг‘ прави нов авион 747 за идните претседатели, но трошоците излегоа од контрола, повеќе од четири милијарди долари. Откажете ја нарачката!“, напиша тој на Твитер.