ГЕРМАНСКИТЕ АВТОКОМПАНИИ СЕ ИЗВИНИЈА ШТО КОРИСТЕЛЕ МАЈМУНИ ВО ТЕСТИРАЊЕТО НА ИЗДУВНИ ГАСОВИ

    ГЕРМАНСКИТЕ АВТОКОМПАНИИ СЕ ИЗВИНИЈА ШТО КОРИСТЕЛЕ МАЈМУНИ ВО ТЕСТИРАЊЕТО НА ИЗДУВНИ ГАСОВИСтидијата требала да докаже дека издувните дизел гасови не се канцерогени (Фото: ДПА)

    Најголемите германски автопроизводители „Дајмлер“, „Мерцедес“ и „Фолксваген“ ги осудија научните експерименти, во коишто намерно изложиле мајмуни на токсични дизел гасови.

    Тие ја искористиле Европската истражувачка група за околина и здравје во транспортниот сектор, позната како ЕУГТ, за да спроведат студија, која требала да ја одбрани употребата на дизелот, откако се утврди дека тој создава издувни гасови кои се канцерогени.

    „Њујорк тајмс“ објави дека ЕУГТ преку еден институт во Албукирки (САД) организирал експеримент, при што мајмуни биле затворени во просторија и вдишувале гасови од „фолксваген буба“. ЕУГТ притоа бил целосно финансиран од овие три компании.

    „Групацијата ‘Фолксваген‘ се дистанцира од сите форми на мачење на животни. Тестирањето врз животни е спротивно на нашите сопствени етички стандарди. Се извинуваме за однесувањето и за недостиг на осуда од страна на поединци“, се вели во соопштението на компанијата, а слично реагираа и од „Дајмлер“ и од „Мерцедес“.

    Студијата, која според „Њујорк тајмс“ почнала во 2014, завршила на 30 јуни 2017 година и нејзините резултати никогаш не биле објавени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира