ОПОЗИЦИСКИОТ ЛИДЕР АЛЕКСЕЈ НАВАЛНИ УАПСЕН НА ПРОТЕСТОТ ВО МОСКВА

    ОПОЗИЦИСКИОТ ЛИДЕР АЛЕКСЕЈ НАВАЛНИ УАПСЕН НА ПРОТЕСТОТ ВО МОСКВААлексеј Навални беше приведен под обвинение дека илегално организирал протест (Фото: АП)

    Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални беше уапсен за време на денешните протести против власта во Москва, како што тие продолжуваат низ земјата.

    „Бев приведен. Но, тоа не е важно. Дојдете во улицата Тверскаја. Нема да го направите тоа за мене, туку за вас и за вашата иднина“, напиша Навални на Твитер по апсењето.

    Само неколку минути откако им се придружи на илјадниците демонстранти на плоштадот Пушкинскаја, Навални на сила беше внесен во полициско комбе.

    Московската полиција објави дека тој бил однесен во станица под обвинение дека илегално организирал протест. Ако биде прогласен за виновен, тој може да добие 30 дена притвор и парична казна.

    Навални, кој е еден од најголемите критичари на Владимир Путин, повика на национални протести и на бојкот на претседателските избори, закажани за 18 март, на коишто му беше забрането да се кандидира. Министерот за внатрешни работи ги опиша протестите како „некоординирани масовни демонстрации“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира