ВМРО-ДПМНЕ JA ОБВИНИ БИТОЛСКАТА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ДЕКА СИ ГО ВРАБОТИЛА БРАТОТ, ТАА ВЕЛИ ДЕКА ТОЈ БИЛ ЕДИНСТВЕН КАНДИДАТ

    ВМРО-ДПМНЕ JA ОБВИНИ БИТОЛСКАТА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ДЕКА СИ ГО ВРАБОТИЛА БРАТОТ, ТАА ВЕЛИ ДЕКА ТОЈ БИЛ ЕДИНСТВЕН КАНДИДАТОсновното училиште „Елдипа Караманди“ каде што е вработен братот на битолската градоначалничка Наташа Петровска. (Фото: СДК.МК)

    Од ВМРО- ДПМНЕ ја обвинија битолската градоначалничка за непотизам зашто како што рекоа, по промената на директорите во школите брат ѝ се вработил како наставник по математика во Основното училиште „Елпида Караманди“ во Битола. Петровска одговори дека нејзиниот брат бил единствениот кандидат кој се пријавил на интервјуто за ова работно место, а во изминатите десет години не добил ни еднаш шанса да предава математика, иако се носеле наставници по овој предмет од други општини.

    „Денес ја прашуваме градоначалничката Наташа Петровска, дали е точно дека нејзиниот брат е вработен како наставник по математика во ОУ „Елпида Караманди“, веднаш по поставувањето на партиски кадар за директор на ова основно училиште?“, праша Викторија Христовска од ВМРО-ДПМНЕ.

    Ваквите обвинувања градоначалничката Петровска ги нарече политички невкус и незнаење. Таа потврди дека нејзиниот брат работи во ОУ „Елпида Караманди“ и рече дека во периодот пред да биде ангажиран се водел како невработен во Агенцијата за вработување и бил единствениот кандидат кој се пријавил на интервјуто за ова работно место.

    „Мојот брат ги доби часовите зашто немаше друг кандидат. Прашање е следно како човек кој е дипломиран веќе десет години не нашол прилика да работи во образовна институција иако имавме ситуации кога беа носени за вработување лица од други градови, со што беше оптоваруван буџетот, само за да не биде вработен брат ми. Дали требаше да викаме лице невработено од друга општина само да не биде братот на градоначалничката?“, возврати Петровска.

    Дознаваме дека за ова работно место во Агенцијата за вработување биле повикани тројца невработени математичари од Битола. Двајца не се јавиле, зашто едниот од нив веќе живеел во Скопје, а другиот бил во постапка за вработување, па на интервјуто се пријавил само братот на Петровска.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира