ТУРЦИЈА ПРИТВОРИ ВРВНИ ЛЕКАРИ, КОИ ЕРДОГАН ГИ НАРЕЧЕ ПРЕДАВНИЦИ ОТИ ЈА ОСУДИЛЕ АКЦИЈАТА ВО СИРИЈА

    ТУРЦИЈА ПРИТВОРИ ВРВНИ ЛЕКАРИ, КОИ ЕРДОГАН ГИ НАРЕЧЕ ПРЕДАВНИЦИ ОТИ ЈА ОСУДИЛЕ АКЦИЈАТА ВО СИРИЈАТурција навлезе во Сирија за да ја избрка курдската милиција од пограничниот регион Африм (Фото: Ројтерс)

    Турскиот јавен обвинител нареди притворање на 11-мина врвни лекари, откако Турската лекарска асоцијација ја критикуваше воената акција во Сирија, која има за цел да ја протера курдската милиција од пограничниот регион Африм.

    Притвор е одреден за претседателот и за уште десетмина лидери на оваа синдикална организација на лекарите.

    „Тие се обвинети за ширење пропаганда како поддршка на терористичка организација и провоцирање на јавноста. Ова е првпат во историјата да се приведени сите членови на извршниот одбор на Асоцијацијата“, изјави адвокатот Зијнет Озџелик.

    Турската лекарска асоцијација ја осуди воената операција во Сирија, истакнувајќи „не на војната, мир веднаш“.

    Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, го обвини синдикатот за предавство.

    „Верувајте ми, тие не се никакви интелектуалци, тука банда на робови. Тие се слуги на империјализмот. Ова ‘не на војната‘ не е ништо друго освен предавство. Тие се вистински џган“, кажа Ердоган.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира