ТРАЈЧЕ МИХОВ ИСТРЧА 230 КИЛОМЕТРИ ЗА 24 ЧАСА И ПОСТАВИ НОВ МАКЕДОНСКИ РЕКОРД

    ТРАЈЧЕ МИХОВ ИСТРЧА 230 КИЛОМЕТРИ ЗА 24 ЧАСА И ПОСТАВИ НОВ МАКЕДОНСКИ РЕКОРДЗа период од 24 часа одморал само 30-ина минути и на крајот заврши втор. - Трајче Михов

    Трајче Михов, член на атлетскиот клуб Велес, го освои второто место на ултрамаратонот во Атина, што се трчаше викендов. Тој за период од 24 часа истрча 230 километри, што е нов македонски рекорд, четири километри повеќе од претходниот, кој, исто така, беше во сопственост на Михов.

    „Ултрамаратонот стартуваше во саботата во 14 часот, а го завршивме наредниот ден во истиот термин. За овие 24 часа одморав само 30-ина минути за да се измасирам, други паузи немав. Временските услови беа одлични за овој период од годината, само доцна во ноќта и утрото при разденување беше постудено“, вели Михов.

    Со овој истрчан резултат, тој го исполни условот за учество на Европското првенство, кое кон крајот на мај ќе се одржи во Темишвар, Романија.

    На ултрамартонот во Атина учествуваа 90-ина тркачи од десетина држави. Победи Србинот Гациќ, кој истрча 232 километри.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира