СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ НЕ ГО РЕИЗБРА ОБВИНИТЕЛОТ НА ЗАЕВ ВО „ПОТКУП“

    СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ НЕ ГО РЕИЗБРА ОБВИНИТЕЛОТ НА ЗАЕВ ВО „ПОТКУП“Од претходниот состав, во ОЈО за организиран криминал продолжуваат: Вилма Русковска, која ја води истрагата за организираниот напад на Собранието на 27 април лани, Наум Пановски и Сузана Мирчевска . -Коле Штериев, претседател на Советот на јавни обвинители

    Марија Ѓоргева, Енѓелуша Кадриу – Леши, Ивана Трајчева и Валентина Бислимовска се новите обвинители на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција што ги избра денеска на долга седница Советот на јавни обвинители. На четворица нивни колеги, меѓу кои и Златко Биковски од „Пуч“ и Владимир Милошевски од „Поткуп“, каде обвинет е премиерот Зоран Заев, им истече претходно мандатот, по што тие се враќаат во обвинителствата од кај што дошле.

    Според изјавата на Коле Штериев, претседател на Советот, на досегашните функции продолжуваат во ОЈО за организиран криминал обвинителите: Вилма Русковска, Наум Пановски и Сузана Мирчевска.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира