СКОПЈЕ ЌЕ УЧИ ОД ЉУБЉАНА КАКО ДА СЕ СПРАВИ СО ОТПАДНИТЕ ВОДИ

    СКОПЈЕ ЌЕ УЧИ ОД ЉУБЉАНА КАКО ДА СЕ СПРАВИ СО ОТПАДНИТЕ ВОДИЕксперти од ЈП „Водовод и канализација-Љубљaна“ ќе го советуваат скопското јавно претпријатие за изградбата на прочистителната станица во Трубарево, степенот на губитокот на вода во водоснабдителниот систем, прочистување на урбаните отпадни води.-Директорот на ЈП „Водовод и канализација-Скопје“ Душко Весковски на средбата со генералниот менаџер на „Водовод и канализација-Љубљана“ Криштоф Млакар. (Фото:ЈП „Водовод и канализација“)

    Љубљански водовод ќе го советува ЈП „Водовод и канализација“ како да се управува со колекторскиот систем за собирање на отпадните води кој следниот месец ќе почне да се гради во Скопје.

    Ова било договорена на средбата во Љубљана на директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Душко Весковски и Криштоф Млакар генерален менаџер на ЈП „Водовод и канализација-Љубљана“.

    „Имајќи го во предвид фактот дека Љубљана е добитник на наградата „Зелена престолнина на Европа 2016“ од страна на Европската Комисија, а посебен придонес за добивање на оваа награда има токму ЈП Водовод и канализација – Љубљана, од големо значење е пренесување на нивните искуства. Експерти од претпријатието ќе дојдат во Скопје и нивните предлози ќе ги искористиме во делот на изградбата на прeчистителната станица во Трубарево, степенот на губитокот на вода во водоснабдителниот систем, прочистување на урбаните отпадни води, употребата на отпадоците кои настануваат при пречистување на водите, нивната понатамошна преработка како и нивно понатамошно искористување“, вели директорот Душко Весковски.

    Покрај размена на искуство и стручна помош од љубљанските експерти на средбата било договорено Град Скопје и Град Љубљана заедно да аплицираат за европски проекти наменети за пречистителни станици, третман на отпадни води и здрава животна средина.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира