ПРОДУЦЕНТКАТА СИМОНА УГРИНОВСКА Е НОВА В. Д. ДИРЕКТОРКА НА МНТ

    ПРОДУЦЕНТКАТА СИМОНА УГРИНОВСКА Е НОВА В. Д. ДИРЕКТОРКА НА МНТУгриновска, која работи во МНТ осум години, доаѓа на местото на актерот Драган Спасов- Дац, кој минатата недела си поднесе оставка

    Продуцентката Симона Угриновска е нова в.д. директорка на Македонскиот народен театар (МНТ). Угриновска, која работи во МНТ осум години, доаѓа на местото на актерот Драган Спасов-Дац, кој минатата недела си поднесе оставка по сообраќајна несреќа.

    Дац под дејство на алкохол со возило удри пешак во скопската населба Кисела Вода. Претходно, Министерството за култура и Владата кажаа дека лице кое сторило таков тежок прекршок не може да раководи со институција и да извршува јавна функција.

    „По оставката на Драган Спасов-Дац, за да може институцијата да работи непречено, за вршител на должност, според Законот дека лицето мора да доаѓа од редот на вработените, ја назначивме Симона Угриновска. Таа ќе ја извршува оваа функција сѐ додека не биде избран нов директро, за што според Законот треба да биде распипшан конкурс“, рече денес министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира